Единечно одобрување на возило (хомологација)

Единечното одобрување на возила е постапка во која органот за одобрување (Биро за метрологија на РМ) врз основа на наоди на техничка служба потврдува дека прегледаното единечно возило, уникатно или не, ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава одобрение за единечно возило.

  • Фотокопија на сообраќајна дозвола со оригинал на увид
  • Потврда за платени царински давачки
  • Потврда за исполнување на техничките барања издадена од производителот на возилото
  • Потврда за исполнување на техничките барања издадена од овластен застапник на производителот во Р.М.
  • Потврда за исполнување на техничките барања издадена од независна институција прифатена од органот за одобрување