Историјат

Формирањето започнува како Здружението на возачи и автомеханичари во Прилеп во 1957 год. Низ времето на добивање на овластувањето за вршење на технички преглед , се започна под ведро небо со визуелна проверка без соодветни иструменти.Но желбата и ентузијазнот не запира за понатамошно усовршување на опремата, просторот и стручните служби

Во 1966 се започна со еден уред за испитување на кочници и една хела.Со многу незвесности и одречувања во 1973 започна изградбата на нова станица која по две годишна изградба во 1975 е пуштена во употреба како станицата за технички прегледи во оштина Прилеп.Осумдесетите беа години на престројувања од Здружение израсна во Општински сојуз на возачите.

Би требало многу простор за се спомне сте она што е достигнато , многубројните плакети, благодарници, призанија како докази за доброто работење од кои најзабележливи:

  • “15 јануари” 1972 највисоко призание од Сојуз на возачи На Македонија
  • “15 Јануари” од 1983 највисоко призание од Сојуз на возачи На Македонија
  • “Призание” од Републички совет за безбедност на патиштата од 1990

Во 1997 е изградена и втората нова станица за технички преглед во општина Крушево во близина на с.Алданици,  и на крај во 2010 год е формирано Трговското друштво за технички испитувања и анализи Центар за возила Прва Прилеп.

Денес двете станици за технички преглед во Прилеп и Крушево се опремени со најсовремени иструменти и опрема за испитување на возила, заедно со долгогодишното искуство, квалитет и традиција на нашите стручни служби активно учестуваме во целукупното семејство на возилата , возачите и сообраќајот во Р.Македонија.