Промена на сопственост

Изготвувањето на барање за промена на сопственост или пријава на возило се врши на шалтерите во станицата за технички преглед. Промена на сопственост над моторното возило се врши кога возилото има нов сопственик во исто регистрационо подрачје и обврска на новиот сопственик е да го запише купеното моторно возило како своја сопственост. Пријава на возило се врши кога возилото го менува регистрационото подрачје поради промена на сопственост или поради менување на местото на живеење на сопственикот. По изготвувањето на барањето на шалтерот во станицата за технички преглед, новиот сопственик добива и уплатница со жиро сметка на буџет на Р.М. и се упатува кај службеното лице од МВР за да добие нова сообраќајна дозвола. По желба новиот сопственик може да направи и промена на регистарските таблици за што добива и дополнителна уплатница. Доколку возилото не е регистрирано потребно е да направи и технички преглед. Промена на регистарските таблици се прави и ако возилото не е регистрирано подолго од 1 година и ако доаѓа од друго регистрационо подрачје.

  • Сообраќајна дозвола од возилото
  • Купопродажен договор заверен на нотар
  • Лично присуство на новиот сопственик а за правни лица лично присуство на овластено лице
  • Сообраќајна дозвола од возилото со заверка од МВР дека возилото е одјавено во општината од каде доаѓа
  • Купопродажен договор заверен на нотар
  • Лично присуство на сопственикот а за правни лица лично присуство на овластено лице