Одјава на возила

Барање за одјава на возило се изготвува исклучиво во станиците за технички преглед. Одјавата на возилото ја врши лично сопственикот на возилото. Доколку се работи за правно лице кое го одјавува моторното возило тогаш е потребно полномошно за лицето кое ќе ги одјавува регистарските таблички во име на правното лице. Со изготвеното барање возилото се одјавува во местото каде што е регистрирано, односно во полициската станица во општината на сопственикот на возилото. Во зависност од причината за одјава на возилото за изготвување на барањето потребни Ви се следните документи:

  • Сообраќајна дозвола од возилото
  • Купопродажен договор заверен на нотар
  • Лично присуство на лицето на кое се води сообраќајната дозвола и негова лична карта
  • Сообраќајна дозвола од возилото
  • Лично присуство на сопственикот и негова лична карта
  • Потврда од правното лице (отпад) каде што е продадено возилото
  • Сообраќајна дозвола од возилото
  • Лична карта и фотокопија од лична карта
  • Купопродажен договор заверен на нотар
  • Лично присуство на физичкото или правното лице на кое се води сообраќајната дозвола